Состојки:
4-5 јајца,
250 гр брашно,
500 гр вишни,
100 мл масло,
150-200 гр шеќер,
рендана кора од лимон,
половина прашок за пециво.
Начин на подготовка:
Измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете брашно и прашок за пециво, кората од лимон, масло и соединете. Во силиконски калап за куглф на дното фрлете малку вишни, покријте со неколку лажици тесто, и повторно ставете вишните, па тесто и сè додека не го потрошите материјалот. На врвот ставете вишни. Печете на 200 степени, околу 30 минути.
Печениот куглоф извадете го од калапот и посипете го со шеќер или со ванила шеќер.