Има ли нешто подобро од чоколадна торта?
Потребни состојки:
50 гр бисквити
7 лажици путер (стопен)
680 гр крем-сирење
200 гр шеќер во прав
Екстракт од ванила
200 гр чоколада (стопена)
250 гр путер од кикиритки
126 гр шеќер во прав
Ставете ги бисквитите во кеса и изронете ги добро. Ставете ги потоа во чинија во која ќе го додадете истопениот путер. Мешајте додека не добиете смеса која личи на мокар песок. Распоредете ја смесата во тавче и ставете ја во фрижидер.
Во меѓувреме, ставете го крем-сирењето, шеќерот во прав и ванилата и убаво миксирајте. Внимавајте да нема грутчиња во смесата. Ставете го овој фил преку кората од бисквити и путер. Вратете повторно во фрижидер.
Во голема чинија, измешајте го путерот од кикиритки со остатокот од шеќерот во прав и убаво соединете ја смесата. Додадете ја врз чоколадната торта и измазнете убаво.
Оставете да отстои во фрижидер 2-4 часа пред да ја пробате.