Потребни состојки:
1-2 јаболка (зависи од големината)
малку цимет
4 жолчки
200 гр шеќер
1 ванила
200 мл млеко
100 мл масло
250 гр брашно
50 гр суво грозје
1 пециво
Начин на подготовка:
Со миксер матете ги жолчките и шеќерот, постепено додавајќи од млекото. На крај додадете го маслото и сувото грозје. Додадете го и брашното измешано со пецивото и циметот. Јаболката исечете ги на коцки, па ставете ги и нив во смесата. Истурете ја во калапи за мафини кои претходно сте ги обложиле со корпи за мафини. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.