Макарони со спанаќ

Направете вкусни макарони со спанаќ.

Состојки:

1 главица кромид
2 чешниња лук
1 шолја спанаќ
малку брокула
1 лажица масло
125 гр тестенини
сол и црн пипер

Начин на подготовка:

Се става масло во тава за пржење, па се додаваат исечените лук и кромид. Се додава спанаќот, претходно добро измиен и ситно искинат. Се динстува кратко. Сварете ја или обарете ја брокулата кратко, па додајте ја во тавата. Се зачинува по вкус, па се додаваат сварените тестенини.

Можете да додадете и сирење или пармезан по желба.

Scroll to Top