Потребни состојки:
350 гр свинско или телешко филе
200 гр печурки
1 дл млеко
½ дл неутрална павлака
1 супена лажица кисела павлака
сол, бибер, вегета
Начин на подготовка:
Месото исечкајте го на кругови, исчукајте го и посолете. Така приготвено во подлабок сад пропржете го на масло од двете страни. Кога ќе биде полупржено додадете ги исечканите печурки. Додадете млеко, неутрална павлака и оставете на тивок оган да се соедини уште петнаесетина минути. Сервирајте во чинија и украсете по желба.