500 г мелено месо
1 мало филџанче (50-60мл) ориз
1 помала главица кромид
неколку чешниња лук
1 лажица мешан сув зачин
зачини по вкус црн бибер, црвена пипер, оригано, сув магдонос или свеж
5-6 тиквички
Прелив
3-4 јајца
1 шола (200мл) јогур
Подготовка
Запржете го исечканиот кромид, додадете го меленото месо, откако ќе се запржи додадете зачини и оризот и измешајте и тргнете го на страна.
Тиквички излупете ги и исечкајте ги на кругови. Последните пати не ги ни лупам само ги сечкам ама претходно ги потопувам во вода со сода бикарбона за да се неутрализира лушпата.
Пола тиквички наредете ги во поголемо тавче, посолете, ставете исечкано лукче меѓу тиквињата.
Одозгора ставете го меленото месо, убаво распоредете.
Наредете ги најгоре тиквичките , наросете по малку зачини, лукче, фрлете малку пченкарно брашно, пипер…
Додадете убаво масло одозгора.
Ставете ја тавата да печи на 250 степени. По половина час извадете ја од рерна и убаво притиснете ги тиквињата и вратете да се печи уште половина час или додека не порумени убаво.
На крајот прелејта ги тиквичките со изматените јајца со јогурт и вратете да се допечи.