Најскапото чоколадо во светот се продава како топче, чини 250 долари

Мајсторот на чоколадото, Данецот Фриц Книпшилд, е изумителот на најскапото чоколадо на светот. Ова благце се нарекува „ла медалине ау труфе“ и чини 250 долари за топче. Мајсторот објаснува дека тајната е во комбинацијата и мешањето неколку природни и посебни состојки, како темно чоколадо, кокос и печурки од видот тартуфи.

Чоколадното топче се продава во специјална сребрена кутија врз постела од бисери и поврзана со украсна лента. Секој што сака да купи еден ваков луксузен производ од моментот на порачувањето до испораката треба да почека барем две недели поради лимитираните резерви на скапите суровини со кои се подготвува.

Scroll to Top