Еден од најпознатите светски готвачи, Џејми Оливер, има неколку совети за тоа како да направите најубава скара. Според него, за добра скара, месото мора да се пече на јаглен, а садот во кој се става испеченото месо да има капак за месото да го задржи вкусот и да го впие мирисот од готвењето.
За да ја распалите скарата ќе ви треба повеќе јаглен и тоа оној што изгледа како изгорено дрво. Џејми не препорачува замена за јаглен, освен ако не се работи за вистинско дрво.
За да почнете со печење на месото на скара, треба да го најдете вистинскиот момент. Оливер вели дека треба да почнете да готвите кога парчињата јаглен ќе бидат сиви и ќе почнат да отсјајуваат. Треба да знаете и како да ја контролирате температурата на скарата. Најдобриот начин да го проверите тоа е рачно. Ставете ја раката околу 10 сантиметри над скарата и тестирајте колку долго можете да издржите. 6 секунди е мала температура, 4 секунди е средна температура, а 2 секунди е висока температура.
Џејми препорачува пред да го ставите месото на скара, да го маринирате. Вели, освен месо, на скарата можете да испечете и зеленчук.