Состојки:
1/2 пакување замрзната брокула (околу 200 – 250 г)
4 – 5 јајца
100 г кравјо сирење
20 г путер
малку сол
црн пипер
масло
Подготовка: путерот и малку масло ставете во тавче па динстајте ја брокулата околу пет минути, ако е потребно додајте малку вода.Зачинете со сол или универзален зачин па додајте го изронетото сирење. Кусо пропржете и додајте ги изматените јајца, бргу мешајте. По желба зачинете со црн пипер.