Потребни состојки:
500 гр. пилешко месо
1 кромид
2 чешниња лук
100 гр. маргарин
200 гр. павлака за готвење
200 гр. кашкавал
½ сок од лимон
сол
бибер
Начин на подготовка:
Кромидот се сече и динста на маргарин. Потоа се додава ситно сечениот лук и се динста. Се додава павлаката со рендан кашкавал и се остава да зоврие со мешање, па се ставаат зачини. Пилешкото се сече на коцки и се запржува. Во месото се става малку сок од лимон. Се вади од маслото, се прелива со сосот и се послужува топло.