Пинџур по рецепт на нашите баби

Потребни состојки:

7 зелени крупни пиперки
3-4 чешниња лук
2 домати средна големина
1 модар патлиџан
масло
сол

Начин на подготовка:

Зелениот пипер се пече, а потоа се лупи и се сече на парчиња по должина. Претходно во посебен сад се толчи лукот со сол и потоа дел по дел се додава пиперот. Сето тоа заедно се толчи со лукот. На крај се додава црвен домат  и модриот патлиџан кои се претходно потпечени и излупени. По вкус наместо печен, можете да употребите свеж домат исечен на парчиња. Доматот се додава во садот и се толчи заедно со лукот и пиперот. На крај, подгрејте малку масло за готвење и попарете ги состојките во садот.

Scroll to Top