450 гр грашок
100 гр кромид
1 чешне лук
100гр моркови
сол по вкус
Кромидот излупете го, исечете го на парчиња. Исто и лукот. Морковот излупете го, ставете се’ заедно во посолена вода и варете 20 тина минути. Потоа додадете го и грашокот и варете додека се убаво да се свари.
Со цедалка ставете го зеленчукот, потоа во блендер и додете малку од течноста која се вареа за да се добие мазно пире. Посолете по вкус и сервирајте.