Пита со шунка и печурки

Потребни состојки:

500 гр печурки
400 гр шунка
3 парчиња леб
1 главица кромид
200 кг кашкавал гауда
магдонос
зачинал
бибер
3 јајца
павлака
готови кори

Начин на подготовка:

Печурките се динстаат со кромидот, па се додава шунката сечена на мали коцки. Кога ќе испари водата што ја пуштаат печурките, оставете ја смесата да се излади. Додадете го кашкавал изрендан, 3 јајца, срединката од лебот натопен во вода, магдоносoт и зачините по желба. Едната кора подмачкајте ја со масло, па врз неа ставете уште една кора, а потоа ставете од состојките. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките. Превиткајте ги во ролни и премачкајте ги со јајце во кое сте ставиле павлака.

Scroll to Top