Похувани пилешки крилца

Потребни состојки:

800 грама пилешки крилца
2 лажици масло
сол
бибер
1 лажица ситно сечкан магдонос
2 чешниња лук
1 лажица кечап
половина лажица мелено чили
1 лажиче црвен пипер
половина лажица мелен рузмарин
1 јајце
малку брашно
50 милилитри вода
масло за пржење

Начин на подготовка:

Исечете го секое крилце на три места. Посолете ги, зачинете со бибер и ставете ги во сад. Прелијте ги со масло, додајте магдонос, истолчен лук, кечап, чили, црвен пипер и рузмарин. Измешајте така што целото месо ќе се обложи со маринада. Ставете ги во фрижидер, па повремено мешајте ги за да упијат од маринадата.

Во меѓувреме, изматете јајце, малку брашно и вода и направете не многу густо тесто. Извадете го пилешкото од маринадата и исцедете го секое крилце. Потопете ги крилцата во тесто и пржете ги на загреано масло. Половина минута пржете на посилен оган додека не добие месото коричка од двете страни, па намелете го огнот и пржете додека не бидат готови.

Scroll to Top