Полнети компири со сирење и спанаќ

Потребни состојки:

4 компири
100гр сирење
300гр спанаќ
50гр кашкавал
20гр путер
сол

Начин на подготовка:

Компирите ги миеме убаво и ги вариме цели со кората. Откако ќе се изладат ги сечеме на половина и секоја половина ја издлабуваме со лажичка. Остатокот го ставаме на страна. Спанаќот го вариме, ситно го сечкаме и го мешаме со остатокот од издлабените компири, сирењето и путерот. Ја пасираме добиената смеса. Ги полниме компирите со готовата смеса и ги поросуваме со ренданиот кашкавал. Ги печеме во подмачкана тава додека не поруменат.

Scroll to Top