Потпечено мелено месо со пире компир

By

Потребни состојки:

400гр мелено месо
1кг компири
1 главица кромид
домати
500мл млеко
200гр биено сирење
200гр домати
масло за јадење
сол, бибер

Начин на подготовка:

Сварете го компирот, испасирајте го како пире, па додајте му го згреаното млеко и добро измешајте. Загрејте го маслото во тава и ставете го ситно исечканиот кромид да се пропржи. Динстајте околу 15минути. Додајте го ситно исечканиот домат и месо, па динстајте уште 5 минути. Зачинете по вкус.

Во сад за печење ставете половина од пирето, а преку него ставете ја смесата со месо. Преку месото ставете го остатокот од пирето. Одозгора ставете рендано биено сирење. Тавата ставете ја во рерна и печете додека компирот не се растопи. Јадењето послужете го додека е топло.

Ќе ви се допадне