Рецепт за феноменалните Макаронс колачи

Макаронс се француски колачиња кои стекнаа голема популарност во светот. Рецептот за Макаронс колачињата е многу едноставен.

Потребно:

3 белки

130 г. бадемово брашно или мелени бадеми

200 г. шеќер во прав

80 г. шеќер

ванилин екстракт

малку сол

боја за колачи и торти во прав

 

Пред да почнете со подготвувањето на Макаронс, извадете ги јајцата од ладилникот и оставете ги на собна температура 24 часа.

Ако не можете да најдете бадемово брашно, тогаш сомелете бланширани бадеми, важно е бадемите да немаат лушпа.

Подготовка:

Одвоете ги жолчлките од белките. Соединете ги бадемовото брашно и шеќерот во прав да добиете точно 330 грама.

Во прикладен сад ставете ги белките и додадете малку сол. Матете со помала брзина за да можете да ја следите густината на белките, потоа постепено додавајте шеќер. Кога белките ќе добијат мека цврстина можете да го додадете екстрактот од ванила и бојата. Матете уште малку за сето тоа да се изедначи.

Потоа додадете ги бадемите и шеќерот. Полека мешајте додека сето тоа не се соедини.

Смесата ставете ја во слаткарски шриц со округол додаток. Оставете ги на собна температура за да фатат кора.

Се печат на 130 °C околу 13 до 15 минути.

Фил:

3 жолчки

2 лажици шеќер

40 г. бело млечно чоколадо

45 г. путер
На пареа згответе ги жолчките, шеќерот и белото чоколадо па во оладениот фил изматете го путерот. Во филот можете да додадете и боја по желба

 

Scroll to Top