Што да јадете за топ-тело

За совршено тело, покрај активното вежбање, важно е да внимавате и на исхраната. Комбинацијата од вистинската храна и соодветните вежби ќе ви помогнат најбргу да стигнете до посакуваните резултати. Знаете ли што треба да јадете за топ-тело?

Ананас и папаја

Овие две тропски овошја содржат ензими што ги согоруваат протеините за варење на храната, но имаат и антивоспалителни својства кои помагаат во постактивниот период за побрзо закрепнување на мускулите.

Лосос

Експертите препорачуваат да консумирате риба барем двапати неделно, првенствено лосос, кој е богат со омега 3-киселини. Покрај лососот, можете да пиете и апчиња од рибино масло. Сето ова помага кога правите кардиоваскуларни вежби.

Тестенини со сос од месо

По секој тренинг, препорачливо е да внесете оброк што содржи околу 400 калории, кој има 20-30 грама протеини за да се изградат нови мускули и 50-60 грама јаглеродни хидрати за да се поправат старите мускули. Сето ова го има во една чинија тестенини со сос од месо.

Свинско филе

Посното месо е одличен нискокалоричен извор на протеини. Колку повеќе внесувате протеини во исхраната, толку се поголеми шансите да ја намалите дебелината на стомакот.

Чоколадно млеко

Британските истражувачи докажале дека млекото е покорисно од водата или од каков било друг спортски пијалак за рехидратација на телото по вежбање. Млекото има повеќе електролити, а чоколадото како додаток на млекото му дава совршен баланс од јаглеродни хидрати, протеини и доволно маснотии за побрзо закрепнување на мускулите.

Зелен чај

Бразилските научници велат дека оние што консумираат по три шолји зелен чај дневно имаат поголема можност за брзо закрепнување на мускулите по активно вежбање.

Студена вода

Пиењето вода и пред и по вежбањето ја подобрува издржливоста. Според едно испитување спроведено во Британија, велосипедистите што внесуваат 850 гр студена вода пред трката се 23 отсто поспособни од оние што внесуваат топли напивки. Ладната вода ја одржува температурата на телото и не дозволува бргу да се загреете и да забавите со самото вежбање.

Scroll to Top