Царска пита

Царската пита наликува на проја. Вкусно и брзо предјадење или појадок.

Потребни состојки:

4 јајца
1 чаша кисело млеко
1 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичка пециво
сол по вкус
250 гр. сирење
200 гр. салама
5 кисели краставички

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги јајцата и убаво изматете ги. Потоа додадете ги киселото млеко, маслото, брашното и пецивото. Мешајте за да добиете хомогена смеса. За оваа пита не ви е потребен миксер. Сирењето издробете го со вилушка, а саламата и краставичките исечкајте ги во форма на коцки. Додаје ги во смесата, па посолете по вкус. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Послужете ја топла, со јогурт.

Scroll to Top