Индиските ореви имаат висока нутритивна вредност. Богати се витамини (Б1, Б2, Б6, Е), а имаaт и висок процент на калиум, натриум, флуор, јод, калциум, железо и фосфор. Освен што можете да ги јадете заради вкусот, лекарите препорачуваат да ги јадете и заради здравствените придобивки.
За здрав кардиоваскуларен систем
Индиските ореви содржат многу помалку маснотии од сите други мешункасти плодови. Две третини од маснотиите во индиските ореви се незаситени масни киселини. 75 отсто од тие незаситени масни киселени ја сочинува олеинската киселина, позната по своето благотворно дејство за здравје на срцето.
Позитивно дејствуваат на дијабетесот
Незаситените масни киселини делотворно дејствуваат на дијабетесот, помагаат за намалување на нивото на триглицериди и штитат од понатамошни компликации поврзани со високото ниво на шеќер и холестерол. Редовното консумирање индиски ореви помага ако имате дијабетес тип 2.
Богати се со бакар
Индиските оревчиња со богати со бакар, кој игра важна улога за здравјето на вашиот организам. Бакарот учествува во голем број физиолошки процеси во организмот, на пример борба со слободните радикали, апсорпција на железото, влијае на развојот на коските и ткивата, а произведува меланин кој на кожата и на косата им дава природна боја.
Извор на антиоксиданси
Индиските оревчиња се одличен извор на антиоксиданси. Тие играат важна улога во заштита од штетното дејствување на слободните радикали. Слободните радикали се честа причина за болести поврзани со крвниот систем, рак, болести на зглобовите.
Додаток кога држите диета
Често се препорачуваат како дел од здравата диета за слабеење. Тие не содржат холестерол, богати се со диетални влака и даваат многу енергија. Умереното консумирање индиски оревчиња ќе ви даде чувство на ситост и задоволство.
Како се консумираат?
Не е препорачливо да јадете поголема количина индиски оревчиња одеднаш, туку во помали количини, почесто. Најдобро е да се јадат трипати неделно по 30 грама. Внимавајте, иако се богати со витамини и минерали имаат висока калориска вредност. Во 100 грама има енергетска вредност од 575 калории.