Експертите откриваат што е поздрво, белката или жолчката од јајцето

Јајцата се извор на здрави масти, витамини и протеини. Најчесто ги јадеме за појадок во различни форми, од пржени јајца, варени, печени или, пак, како додаток на главните јадења и салати.

Белките од јајце се богати со протеини, а најчесто ги употребуваат (одвоени од жолчките)  оние кои професионално или рекреативно се занимаваат со некоја физичка активност.

Што содржи жолчката, а што белката?

Жолчките од јајце имаат повисоко ниво на холестерол и маснотии за разлика од белките, но имаат и повисоко ниво на калциум, железо и магнезиум.

Вишокот натриум во јајцето можеби не е најдобар за нашето тело, но на телото му се потребни и сите останати минерали што ги обезбедува жолчката. Од витамините, пак, најважен е големиот процент на витамин А во нив.

Од друга страна, белките од јајце се користат во сѐ, од исхрана до нега на кожа. Главно се состојат од протеини, кои помагаат во обновување и раст на мускулното ткиво.

Предностите на белките од јајце се очигледни, но не треба да ја избегнувате жолчката, бидејќи ќе обезбедите целосен оброк со консумирање на целото јајце. Сепак, не треба да се претерува, особено доколку внимавате на вашата линија на тело.

Ако вашата цел е да изгубите тежина, белките од јајцата се помудра опција – тие имаат само 17 калории, додека жолчките имаат 55.

Scroll to Top