Со сок од аронија против целулитот

Сокот од аронија помага во борбата против целулитот, велат нутриционистите. Потребни ви се 2 лажици сок од аронија, 50 мл сок од цвекло и 50 мл минерална вода. Тие направиле истражување во кое учествувале 19 жени на возраст помеѓу 25 и 48 години и во текот на 90 дена секојдневно пиеле по 100 мл од овој сок. По 45 дена, кај некои од испитаниците дошло до видливо намалување на целулитот. Ова аронијата ја прави идеална за слабеење и детоксикација, велат тие.

Сокот од аронија дејствува одлично во комбинација со сок од цвекло. Напивката содржи висок процент антиоксиданси кои се важни во зачувувањето на здравјето.

Препорачливо е да се комбинира сок од аронија со сок од цвекло бидејќи и двете содржат природни соединенија кои во организмот овозможуваат ширење на крвните садови, а со тоа и подобра циркулација.

Scroll to Top