Постојат неколку едноставни работи што може да ги направите за да го задржите бронзениот тен што е можно подолго.
1. Обилно хидрирајте ја кожата. Колку е повлажна кожата толку подолго ќе го задржите бронзениот тен, па затоа по секое туширање негувајте ја со средства за хидратација.
2. При туширањето температурата на водата не треба да е превисока. Врелата вода ја суши кожата, а така бојата побрзо се вади. Затоа туширајте се со млака вода.
3. Користете бадемово масло за нега на кожата. Маслото нанесете го на влажна кожа по туширање. Оставете кожата да го впие маслото, па дури потоа облечете се.
4. Изберете средства за туширање со pH вредност која е поблиска до природната pH вредност на кожата, оти останатите средства ја сушат побрзо.
5. Немојте да ја триете кожата со пешкир, туку влагата отстранете ја со благо тапкање на пешкирот.
6. Јадете храна богата со бета каротен, дињата или морков или земајте капсули со витамин Б, кои не само што ќе ја задржат бојата на вашиот тен, туку и ќе го спречат предвременото стареење на кожата.
7. Пијте многу вода. Иако се трудите да ја одржите кожата влажна однадвор, нема да имате добар резултат ако не ја хидрирате и однатре.