Неколку припадници на заедницата на амишите неодамна ги открија сите состојки на напивката што ја подготвуваат самите, ја пренесуваат со генерации, а за која тврдат дека го спречува ракот. Напивката се подготвува со едно чешне лук, парче рендан свеж ѓумбир, една лажичка свеж сок од лимон, една лажичка органски јаболков оцет, една лажичка органски мед и половина чаша вода. Треба да се пие наутро на празен стомак и пред вечерата.
Според амишите, напивката е одлична за целото тело, а особено е ефикасна за лекување чир, настинка, астма, артритис, импотенција, рак, висок крвен притисок и многу други болести.
Во прилог на ова нивно тврдење одат и светските испитувања, според кои амишите најретко заболуваат од рак. Тие не користат лекови од конвенционалната медицина, а сами ја одгледуваат и произведуваат храната. Едно швајцарско истражување открило дека децата амиши се поздрави од децата што растеле на европските фарми. Освен тоа, амишите не пијат и не пушат, што дополнително придонесува за нивното здравје.