Научниците од Кралскиот универзитет во Белфаст откриле дека една таблета аспирин месечно е доволна доза за превентива против рак на грлото. Тие извршиле истражување во кое биле вклучени доброволци на возраст меѓу 55 и 74 години. Резултатите покажале дека пиењето аспирин еднаш во четири недели го намалува ризикот од рак за една четвртина. Според нив, овој лек има најефикасно дејство при заштита од рак на грлото.
И други претходни истражувања дале слични резултати. Според нив, редовниот внес на лекот помага да се спречи инфаркт и мозочен удар.