Како да ги избелите забите? Сакате да имате бели и блескави заби, но не ја сакате употребата на таа хемикалија. Постои решение за вас.
Еве како можете на природен начин да ги избелите забите.
Сода бикарбоната е вистински хит за избелување на забите. Ефикасна, евтина и не е штетна. Всушност, таа се наоѓа и во пастите за заби кои ги купуваме од продавница. Според едно истражување пастите со сода бикарбона се поефикасни од оние кои ја немаат оваа корисна состојка. Таа не само што ги чисти забите, туку е одлична и за спречување на ширењето бактерии во устата.
Сода бикарбоната измешајте ја со малку вода и измијте ги забите.
Маслиновото и кокосовото малсо се исто така добри за белење на забите. Земете две голтки и провлечете ги низ забите или протријте ги со прстот кој претходно сте го натопиле со масло. Тоа ќе помогне и во зајакнувањето на ткивото околу забите.
Водород пероксид (хидроген) мора да имате дома. Тоа е одлично природно средство кое штити од микроби, бакертии, вируси, паразити итн. Многу производи за белеење на забите содржат водород пероксид кои се ефикасни во избелувањето на забите, а користи и за дезинфекција на рани.
Според некои истражувања пастите за заби кои содржале хидроген ефикасно ги избелиле забите. Се користи умерено, разблажено и повремено. За избелување на забите се користи раствор во вода од 1,5% или 3% раствор.
За здрави и бели заби треба да водите сметка што јадете. Шеќерот никако не е добар. Експертите велат дека кога денес шеќерот би бил измислен, би бил ставен на листата отрови.
Кога го користите, задолжително добро измијте ги забите.
Исхраната со овошје и зеленчук е одлична за забите. Кога јадете свежо овошје и зеленчук, тоа ги чисти наслагите околу забите и ги зацврстува.
Одржувајте редовна хигиена, користете и конец или интердетални четкички за отстранување на остатоци од храна. Така што вашите заби ќе бидат блескави и бели.