Близнаците мултимилијардери кои стојат зад вакцината „Фајзер“ сега сакаат да пронајдат лек против рак

Близнаците Томас и Андреас Штригман се мултимилијардери кои сега влегуваат во бизнисот на биотехнологијата. Тие први ѝ поверуваа на брачната двојка Угур Сахин и Озлем Туречи од Турција за  вакцината на „Бајонтек-Фајзер“.

Следната цел им е да најдат лек кој ќе го победи туморот. Тие имаат германска компанија, лабораторија за леукемија во Минхен „МЛЛ“. Директорот на компанијата, Томас Хаферлах, вели дека им претстои скок во технологијата, сличен на оној кога телефоните со бројчаник се заменети со паметните телефони.

Секоја година во Германија од леукемија заболуваат околу 14.000 луѓе. Успехот на терапијата во голема мера зависи од времето и точноста на дијагнозата. Тоа е област со која се занимаваат научниците во лабораторијата за леукемија во Минхен (МLL).

Приближно 200 вработени ги анализираат примероците на околу 60 проценти од пациентите заболени од леукемија чија бројка е поголема од 80.000 на годишно ниво.

Според добро упатени извори, браќата Штрингам пред пандемијата вложиле најмалку половина милијарди во германската биотехнолошка фирма. Се зборува дека тие имаат малцински удел во оваа лабораторија.

Во интервјуто што го дале пред дванаест години близнаците, кои имаат половина од акциите на „Бајонтек“, чија вредност сега се проценува на 24 милијарди долари, изјавиле: „Врвно достигнување би било да се равие лек против рак, кој не само што го продолжува животот, туку и го победува туморт. Тоа би претставувало цреша на тортата“.

 

Scroll to Top