Брзата диета со суви смокви се држи само 14 дена. Таа ги топи маснотиите околу половината. Земете 3 смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка од сите страни, па ставете ги во стаклен сад во кој претходно сте ставиле 200мл јаболков оцет. Нека отстојат преку ноќ, а утрото изедете ги на празен стомак. Остатокот од оцетот искористете го повторно за следните 3 смокви. Истиот јаболков оцет користете го седум дена, а ако нешто остане, тогаш фрлете го. Осмиот ден повторете ја постапката и продолжете уште една седмица. Доволни ви се 14 дена, па потоа направете пауза од неколку месеци.