Чај од куркума за зајакнување на целиот организам

Куркумата безбедува толку широк спектар на здравствени придобивки, бидејќи содржи куркумин, идентификуван како основна активна состојка, која постигнува повеќе од 150 потенцијално терапевтски активности и вклучува антиоксидантни, антивоспалителни и антиканцерогени својства. Не постои друга природна состојка на светот која е поефикасна за намалување на воспаленијата во организмот од куркумата. Но, мора да бидете сигурни дека вашето тело правилно ја користи моќната куркума. За да го направите ова, треба да научите како да ја консумирате.

Најпрво набавете еколошки прашок од куркума, лесно се наоѓа и лесно се дозира. Не мора да се замарате со свеж корен кој во последно време може да се купи во продавниците за органски производи. Коренот од куркума е многу сличен на коренот од ѓумбир и се подготвува на сличен начин (потекнува од исто растително семејство).

Чај од куркума

  • 1 чаша топла (не врела) вода,
  • четвртина лажичка куркума;
  • сок од половина лимон;
  • простофат цимет;
  • 1/8 лажичка мед;
  • лажичка кокосово масло.

Подготовка: Откако ќе ја загреете водата, додадете куркума, сок од лимон и мед, лажичка кокосово масло и убаво измешајте. Куркумата веднаш ќе потоне на дното на чашата, затоа продолжете да ја мешате водата додека ја пиете и така целосно ќе ја искористите куркумата. Погрижете се да ја пиете водата додека е уште топла.

Куркумата е растворлива во масло, што значи дека треба да ја комбинирате со малку маснотии за оптимална апсорпција на хранливите материи.

Обично се подготвува со органско девствено кокосово масло или екстра девствено маслиново масло. Препорачаната дневна количина на куркума би била од 3 гр до 10 гр (пресметајте го директниот внес кој го додавате во исхраната), која со текот на времето може малку да се зголеми. Односно околу 1 лажичка куркума е препорачаната дневна доза за возрасни. За максимален ефект, треба да го земате секој ден или најмалку три пати неделно.

Додека кај постарите луѓе и децата на возраст под 6 години треба да ја намалат дозата за половина (1/2 лажичка) еднаш неделно за првпат, а потоа да ја зголемат количината до онаа доза која одговара на поединецот. Доколку куркумата предизвикува варење или несакани ефекти, консултирајте се со лекар.

Куркумата во комбинација со црн пипер ги подобрува резултатите. Никогаш не ја земајте оваа смеса на празен стомак.

Ако се борите со камења во жолчката, консултирајте се со лекар пред да додадете куркума во вашата исхрана (куркумата го зголемува производството на жолчката и може да ја влоши вашата состојба). Не комбинирајте го со антикоагуланси како аспирин, ибупрофен или варфарин (мариварин, мартефарин), бидејќи куркумата исто така ја разредува крвта.

 

 

Додавањето куркума при готвењето е многу популарно и практично бидејќи дава убава жолта боја, а нема вкус што ја презема аромата на јадењето. Куркумата можете да ја користите во подготовката на слатки и солени јадења. Можете да ја додадете во рижото, овошни салати, преливи за салати, јадења од зеленчук, сосови, кускус, компири, палачинки, колачи итн. Обично е доволно само 1/2 – 1 лажичка куркума. Не претерувајте, бидејќи храната ќе има преинтензивен мирис.

Кога е можно, на крајот додајте куркума во јадењето бидејќи на тој начин максимално ќе ги зачувате нејзините лековити својства.

Scroll to Top