Невенот е многу лековита билка, а особено позитивно делува врз кожата. Чајот од невен има антимикробно, антивоспалително и смирувачко дејство – па се користи за широк спектар од тегоби.
Претставува богат извор на витамини и минерали, кои се неопходни за нашето здравје. Чајот од невен подеднакво добро делува врз нашиот организам кога се користи и за внатрешна и за надворешна употреба.
ЗА ШТО Е ДОБАР ЧАЈОТ ОД НЕВЕН?
-се користи за миење на усната шуплина при болки во грлото, воспалени непца, афти или кандидијаза.
-се користи во вид на облога при разни кожни тегоби.
-помага во ублажување на осип од пелени кај бебиња.
-овој чај се користи за миење очи во случај на јадеж на очите поради алергија, кај суви очи и вирусен конјуктивитис.
-може да се мие лицето при проблематична кожа, акни и митесери.
-чајот од невен се користи и како бања за стапалата при габична инфекција (атлетско стапало).
-ублажува воспаленија на кожа, како и осип.
-измијте ја косата со чај од невен за да ги ублажите иритациите на скалпот (кожата од главата).
-доколку го складирате чајот од невен во шише со распрскувач, ќе добиете ефикасно дезинфикациско средство.
-Чајот од невен дава позитивни резултати кај чир од желудник, лимфни јазли и болки во грло.
-се корсти при ушни инфекции (во вид капки за уши)
-врши детоксикација на организмот, го јакне имунитетот и спречува појава на рак.
-чајот од невен ги ублажува болните и нередовните менструации.
-чајот од невен се користи кај гинеколошки проблеми.
-кај присуство на хемороиди, се користи надворешно за ублажување на симптоми.
КАКО СЕ ПРИГОТВУВА:
За внатрешна употреба: една лажица сув цвет од невен прелијте со шолја зовриена вода, поклопете и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете го чајот и пијте 2-3 шолји чај дневно.
За надворешна употреба: 2 лажици сув цвет од невен прелијте со половина литар зовриена вода, поклопете, оставете да отстои 15-20 минути, а потоа процедете.
ЧАЈ ОД НЕВЕН ВО ГИНЕКОЛОГИЈА
Чајот од невен е особено значаен за жените, бидејќи се користи за лекување на многу гинеколошки проблеми. Чајот од невен во гинекологијата има широка примена:
-регулира менструален циклус,
-отстранува симптоми на болни и тешки менструации
-се користи за испирање при вагинални инфекции,
-делува против цисти на јајници и отстранува грчеви на матка (што е многу корисно при болни менструации)
Чајот од невен има примена во гинекологијата благодарени на своето антивоспалително, антиспазматично и антимикробно дејство.