Чаша црвено вино има ист ефект како еден час во вежбалница

Неодамнешното истражување покажа дека прескокнувањето ден во вежбалница за да одите на пијачка и не е толку лошо.

Доколку повеќе уживате во чаша црвено вино отколку вежбање во вежбалница, ова е супер вест . Истражувањето спроведено на Универзитетот во Алберта во Канада покажа дека здравствените придобивки од ресвератролот, соединение кое се наоѓа во црвеното вино, се слични на оние што ги добиваме од вежбањето.

Според водечкиот истражувач Џејсон Дајк, ова откритие ќе воодушеви многумина кои не вежбаат често.

Ресвератролот од црвеното вино ги подобрува физичките способности, работата на срцето и мускулната сила на ист начин како и вежбите во вежбалница.

„Верувам дека ресвератролот би бил доста корисен за луѓето кои сакаат да вежбаат, но се физички слаби“, рече Дајк.

Здравствените придобивки од црвеното вино се доста добро документирани. Истражувањата покажаа дека оние кои пијат една чаша вино дневно имаат помали шанси да заболат од деменција или рак, а црвеното вино докажано е добро за срцето и регулацијата на шеќерот во крвта, но и против стареењето.

Неодамнешните студии покажуваат дека црвеното вино го зголемува пулсот, што е многу добро.

Се разбира, се подразбира дека овие ефекти се валидни само во умерени количини . Има добра вест и за оние кои не пијат црвено вино, а тоа е дека ресвератрол нема само во црвеното вино. Можете да го внесете преку боровинки, путер од кикиритки, црно грозје и темно чоколадо.

Scroll to Top