Чоколадото лечи подобро од сирупот против кашлица

Научниците тврдат дека чоколадото подобро ја лечи кашлицата отколку сирупите. Тим од неколку доктори од Универзитетот Хул во Британија ја потврдил оваа теорија. Според  нив, чоколадото има многу подобра функција за да се смалат проблемите со дишењето и со кашлицата.

Еден од лекарите вклучени во студијата рекол дека тие спровеле истражување во кое учествувале 163 луѓе. Тие почувствувале значитена разлика во дишењето и намалувањето на кашлицата, откако претходно неколку дена редовно конзумирале одредена количина чоколадо.

„Постојат две причини поради кои чоколадото може да ги смали болките во грлото. Првата е фактот што чоколадото, како и медот, формираат слој на заштита во грлото, и со тоа се намалува иритацијата и кашлицата. Втората теорија е дека чоколадото содржи состојка теобромин, која служи да се запре кашлицата“, изјавил тој.

Scroll to Top