Дали е можно да се исправат клемпавите уши кај бебињата?

Клемпавите уши знаат да бидат естетски проблем за децата, особено во пубертет, кога обично доаѓа до задевање од страна на врсниците, па многу родители дури и ги подвргнуваат децата на пластични операции уште во детството.

Лекарите во Велика Британија осмислиле начин на кој може да ги исправат клемпавите уши, ушите со чуден облик или со расцепи кај бебињата и на тој начин можат да се избегнат потенцијалните операции.

Од дамнина се верува дека клемпавите уши можат да се исправат сами од себе па многу мајки и порано и сега им ги лепат ушите на бебињата со самолеплива лента или, кога станува збор за девојчиња, со украсна лента, а денеска за таа намена е осмислена посебна опрема.

Scroll to Top