Џејми Оливер откри генијален трик со лукот

Еден од најпознатите светски кувари, Џејми Оливер им откри на своите фанови едноставен трик, кој на сите специјалитети може да им даде подобар шмек.

Британецо објасни како лукот можете да го направите поблаг и да се ослободите од неговата жештина и лутина. Тоа на јадењата може да им даде фина арома, без никаква горчина или непријатен мирис, вели Оливер.

„Секогаш го мијам исецканиот лук пред готвењето. Така тој станува поблаг, а влагата од миењето му додава и поблага слаткост за време на готвењето“, вели Оливер, кој овој трик го примени додека подготвуваше паста со туна.

Тој откри дека овој трик го научил од италијанската колешка Нона Росана и дека навистина дава сјајни резултати, а истовремено е многу едноставен.

Scroll to Top