Џинот е алкохолен пијалак кој се добива од плодови од смрека или бор, кои се познати по своите лековити својства.
Тој е исклучително нискокалоричен, доаѓа со низа придобивки за нашето здравје, но и за убавината. Во продолжение ви ги претставуваме неговите пет најдобри страни.
1. Погоден е, дури и ако сте на диета
Според фодацијата Лајвстронг, џинот е еден од најнискокалоричните алкохолни пијалоци со 97 калории по чаша. Бобинките од смрека преземаат акција со зголемување на бројот на ензими кои ја разградуваат вашата храна и помагаат при варењето на храната. Од друга страна, ова не важи за популарниот џин-тоник, па затоа внимавајте со кои сокови го мешате.
2. Се бори со заболувања на црниот дроб и бубрезите
Благодарение на борот, џинот помага да се спречи задржувањето на вода во организмот, дозволувајќи протек на вода, повеќе од кој било друг алкохол. Со други зборови, сите оние токсини и бактерии што ги консумирате кога пиете алкохол, полесно се исфрлаат од вашиот систем на овој начин.
3. Добар е и за вашите коски
Ако страдате од болка во зглобовите или коските, борот може да ви послужи како ефикасен третман против хронична болка и воспаление како артритис. Тука е популарниот рецепт со суво грозје натопено во џин кое може да го чувате во тегли, а само неколку на ден ќе решат низа непријатни проблеми.
4. Повеќе антиоксиданти за помалку брчки
Боровите дрвја се полни со антиоксиданти што значи стимулирање на регенерација на клетките во вашето тело постигнувајќи помазна и поздрава кожа. Секако, продолжете да го користите крем за лице против брчки.
5. Ви го продолжува животот
Бобинките од смрека содржат флавоноиди кои се одлични за спречување на срцеви заболувања и подобрување на циркулацијата на крвта за време на стареењето. Сепак, ова не значи дека секоја чаша ќе ви го продолжи животот уште повеќе, бидејќи претерувањето ќе има спротивен ефект.