Диета што го забавува стареењето
Сите сакаме да ја одржуваме младешката кожа што е можно подолго без одење во скапи салони за убавина и купување бесконечно маски и кремови против стареење.
Доколку сакате да ги задржите силата и виталноста на телото, како и свежината и сјајот на кожата, вклучете ги овие пет продукти во вашата исхрана и ќе се чувствувате барем 10 години помлади.
Семки од тиква
Семките од тиква се ризница на здрави витамини. Масните киселини што тие ги содржат не само што го забавуваат стареењето и ги забрзуваат регенерацијата и обновување на клетките туку и ја подобруваат работата на срцето. Особено се корисни за луѓе со проблематична кожа бидејќи го компензираат недостигот на цинк во телото, што резултира со акни. Со земање една дланка семки во текот на денот можете значително да го подобрите вашето здравје и изглед.
Масна риба
Лососот, сардините, харингата и скушата содржат омега-3 масни киселини, кои имаат антиинфламаторни својства и го подобруваат здравјето на кожата, косата и на ноктите. Цинкот придонесува за формирање колаген, чиј недостиг доведува до предвремено стареење, а селенот е одговорен за здрав сјај и мазна коса. Препорачливо е да јадете каков било вид риба трипати неделно.
Цитруси
Главната активна компонента на портокалот, грејпфрутот и на лимонот е витаминот Ц, кој го забавува процесот на стареење на клетките, ги одржува цврстината и еластичноста на кожата, а исто така го зајакнува имунитетот, затоа е особено важен во зимската сезона. Но, не заборавајте на цитрусите и во текот на летото: луѓето што се сончаат честопати го немаат овој витамин во своето тело.
Портокал и зелен зеленчук
Моркови, тикви, спанаќ, кромид, јаглики, црвени пиперки и домати – списокот на храна што ја продолжува младоста е огромен. Витаминот А и бета-каротинот во овој зеленчук спречуваат појава на сува кожа и предвремени брчки со одржување соодветно ниво на влага. Треба да им се посвети особено внимание во текот на летото: бета-каротинот го забрзува производството на меланин и помага да се постигне убав, па дури и потемнет тен.
Ореви
Бадемите, оревите и индиските ореви содржат витамин Е, кој одржува рамнотежа на влагата во кожата правејќи ја еластична. Содржината на железо и цинк обезбедува снабдување на клетките со кислород и го спречува стареењето на кожата. Редовното земање по една дланка ореви дневно ќе ја направи кожата мазна и сјајна.