Диета што помага при ублажување алергиски реакции

Доколку сте склони кон алергиски реакции, препорачливо е да се погрижите околу вашата исхрана, бидејќи таа исто така игра важна улога.

Според податоците на Европската академија за алергологија и клиничка имунологија, алергиите се најчестата хронична болест во Европа. Дури 20 проценти од пациентите имаат тешка форма на болеста со секојдневен страв од напад на астма, анафилактичен шок или смрт од алергиска реакција.

Меѓутоа, и покрај ефективните лекови кои ги држат алергиите под контрола, многумина не успеваат да ги надминат нападите без употреба на поголеми дози. Доколку имате тенденција кон алергиски реакции на студ, животински влакна, пот, хемикалии за домаќинство, советот на експертите е да внимавате на исхраната бидејќи таа игра важна улога.

Постои храна којашто содржи низок процент на алергени, како кисело млеко, урда, сирење, варено или пушено говедско месо, пилешко месо, леќа, ориз, јачмен, пченка и овес.

Понеделник

појадок: проја со рендани тиквички, кисело млеко.

ручек: супа од брокула, грашок со пилешко, салата од зелка.

вечера: пире од блага пченка и брокула, бело пилешко и краставица.

Вторник

појадок: овесна каша, оризово млеко и банана.

ручек: супа од зеленчук по избор, говедски ќофтиња во сос од домати, пире од компири и карфиол, салата од краставици.

вечера: нудли, сос од спанаќ и сланина.

Среда

појадок: погачи од хељда и кисело млеко.

ручек: пилешко, супа од пашканат и компир, пченкарни тестенини, сос од тиквички со лук, салата од краставици.

вечера: погачи од хељда, намаз од пилешко, салата од зелка.

Четврток

појадок: овесна каша со кисело млеко, овошје по избор и темно чоколадо.

ручек: супа од брокула, батак, пире од компир, салата од зелка.

вечера: мафини од леблебија и зеленчук, моркови исечени на стапчиња.

Петок

појадок: палента со сланина и сусам, кисело млеко.

ручек: супа од говедско месо, боранија со говедско месо, салата од зелка.

вечера: нудли со сос од зеленчук

Scroll to Top