Диета Обединети Нации

Со оваа диета покрај намалување на вишокот килограми, се постигнуваат промени во метаболизмот што претставува гаранција дека изгубените килограми нема да се вратат. Диетата трае 90 дена и доколку се придржувате можете да намалите 18-25кг. Доколку не ви е потребно да изгубите толку килограми, престанете со диетата кога ќе дојдете до саканата телесна тежина, но во тој случај нема да дојде до промени во метаболизмот. UN диетата секогаш започнува со протеински ден, потоа скробен, јаглехидратен и овошен ден. Редоследот на деновите не смее да се менува.

 

Доручек – ист е сите 90 дена. Се јаде овошје во пар или една рака суво овошје (околу 8 парчиња). Две јаболки, два портокали, две круши итн., но не мешајте круша и јаболко, секогаш од истото овошје по две.

 

 

Прв ден – Протеински ден

 

Ручек: динстано, варено, печено месо или риба (пилешко, говедско, мисиркино, свинско, риба, морски плодови, тофу) во количина колку ресторанска порција, 2-3 парчиња/250гр, или 3 варени јајца или некој млечен производ (сирење или млеко). Парче интегрален леб, салата во неограничени количини со една лажица масло, а после сето ова задолжително се јаде чинија супа (без тестенини/фиде, 300мл). Доколку се јадат млечни производи, тогаш супата не е задолжителна.

Вечера: Исто како за ручек, но во количина половина од таа за ручек, без супа и БЕЗ ЛЕБ. Она што сте ручале, тоа мора и да вечерате.

 

Втор ден – Скробен ден

 

Ручек: грав, грашок, боранија, леќа, спанаќ, хељда, просо, јачмен, компир, соја – варено, со додаток на зачини. Парче леб и салата.

 

Вечера: Исто како за ручек, половина помалку, и БЕЗ ЛЕБ.

 

Трет ден – Јаглехидратен ден

 

Ручек: варени тестенини со додаток на зачини, кечап, или вегетеријанска пица или солено пециво, на пример 3 кифли.

 

Вечера: Две потенки парчиња торта, или 3-4 колачиња, или 3-4 топки сладолед и задолжително еден ред темно чоколадо за готвење. Доколку не јадете благо, тогаш земете помало парче пица и еден ред темно чоколадо за готвење.

 

Четврти ден – Овошен ден

 

За ручек и вечера јадете мешано овошје во неограничени количини.

 

Дополнителна напомена:

 

По кругот од 7х4 дена (т.е. 29от ден) се држи „воден ден“, кога цел ден се пие само вода.

Веднаш по овошниот ден, а понекогаш и после „водениот ден“ се продолжува со протеински ден.

Смее да се пие кафе и чај, но незасладени. Овошни сокови помалку, исто така незасладени.

Пауза помеѓу оброците првиот ден е 4 часа, вториот и третиот 3 часа, а за време на четвртиот ден, 2 часа.

По 20 часот не јадете ништо.

Во текот на диетата може да се случи првите десет дена да не дојде до губиток на килограми, а потоа нагло да се симнат 3-4кг. По 90 дена, се јаде овошје за доручек уште 90 дена, а ручек и вечера она што вообичаено си јадете. Во тој период треба да се изгубат уште 3кг што покажува дека вашиот метаболизам се променил. Ако не се изгубат тие килограми, диетата треба да се повтори, но по ПАУЗА ОД ТРИ МЕСЕЦИ.

Scroll to Top