Диета со јаболки без откажување од омилената храна

Планот на исхрана со три јаболка дневно го измисли американската нутриционистка Теми Флин. Таа забележала дека нејзините клиенти кои јадат едно јаболко пред оброкот губат телесната тежина без да ги променат навиките во исхраната, па одлучила да направи диета базирана на ова овошје.

Диетата со јаболка вклучува консумирање на едно јаболко пред секој главен оброк. Идејата е дека влакната со кои е богато јаболкото може лесно да го заситат човек, па затоа ќе му треба помалку храна за оброк, а притоа ќе ја намали/елиминира неговата желба за благо.

Препорачаниот број на оброци е четири или пет помали оброци дневно, базирани на здрава храна со малку маснотии. Секој оброк или ужинка треба да содржи и по некој протеин бидејќи е докажано дека оваа комбинација го намалува апетитот и го подобрува слабеењето.

Луѓето кои се на оваа диета се охрабруваат да јадат повеќе овошје и зеленчук и со тоа да го намалат вкупниот внес на калории без да почувствуваат глад.

Препорачана храна:

Јаболка, немасно сирење, немасен јогурт, јајца, пилешки гради, мисирка, риба, говедско месо, овес, интегрален ориз, брокула, зелена салата.

Мени за диета со јаболка

Појадок

  • Јаболко
  • Омлет со малку маснотии
  • Чаша варен овес

Препладневна ужинка

  • парче немасно сирење
  • Чаша немасен јогурт 

Ручек

  • Јаболко
  • Пилешки гради на скара
  • Две чаши – брокула на пареа
  • Чаша интегрален ориз

Попладневна ужина

  • Капучино шејк

Вечера

  • Јаболко
  • Лосос или некоја друга риба на скара
  • Зелена салата.

Можете да се држите до оваа диета една недела, а по оброкот, продолжете да практикувате по едно јаболко пред секој оброк.

Ќе ви биде полесно да ослабите ако редовно вежбате.

Пред да започнете со оваа диета, консултирајте се со вашиот лекар!

Scroll to Top