Диета со млеко: Ослабете пет килограми за една недела

Диетата со млечни производи е генерално тешка, но крајниот резултат e одличен. Овој режим на исхрана е многу строг, а трае само пет дена. Во основата на диетата е млекото, кое содржи калциум, протеини и други хранливи супстанции, кои се корисни за здравјето.

Нормалното количество калциум што му треба на човекот во едно деноноќие е 1500-2500 милиграми. Диетата со млечни производи е добра за брзо симнување на килограми, а ако го почитувате режимот на исхрана нема да му наштетите на организмот, бидејќи млекото е една од најкорисните прехрамбени производи за човекот.

Понеделник

Појадок – Кафе со млеко или само млеко (колку ви се пие)
Пладне – јогурт со мусли;
Вечера – компир салата со млеко (се вари во кеса колку ви се јаде компир, додадете кромид, масло (колку сакате), јогурт, сол.

Вторник

Појадок – кафе со млеко или само млеко (колку ви се пие)
Ручек – јогурт со мусли;
Вечера – тестенини и салата со млеко (варени макарони со кромид, масло, сол и јогурт)

Среда

Појадок – кафе со млеко или само млеко (колку ви се пие)
Ручек – јогурт со мусли
Вечера – компир салата со јогурт

Четврток

Појадок – кафе со млеко или само млеко (колку ви се пие)
Ручек – јогурт со мусли
Вечера – тестенини салата со јогурт

Петок

Појадок – кафе со млеко или само млеко (колку ви се пие)
Ручек – јогурт со мусли
Вечера – компир салата со јогурт

Диетата потоа не смеете да ја повторите најмалку шест месеци.

Scroll to Top