Докторка од Србија објасни зошто периодов сѐ почесто се јавуваат главоболки и напнатост

Деновиве сите се жалат на раздразливост и напнатост, а д-р Бисерка Обрадовиќ од Србија објасни кој е главниот виновник за тоа.

Таа вината ја бара во силниот ветер, кој предизвикува главоболки, несоница, напнатост, нервоза и раздразливост кај луѓето.

„За ваквите временски услови, телото треба навреме да биде подготвено, а тоа, пред сѐ, се постигнува со физичка активност. Пушачите мора да го намалат внесувањето никотин во телото, треба да го ограничат пиењето енергетски пијалаци и да јадат што е можно повеќе овошје и зеленчук. Не треба да заборавиме дека нашето тело содржи голем процент вода. Затоа промената на времето, која силниот ветер најчесто ја најавува, предизвикува нарушувања на крвниот притисок, па кај кардиоваскуларните пациенти се јавуваат дополнителни проблеми“, вели д-р Обрадовиќ.

 

Scroll to Top