Пред да решите да облечете сандали оваа сезона, направете педикир на стапалата. Доколку не можете да си дозволите третман кај стручно лице, педикир можете да направите и самите дома.
Измешајте сода бикарбона со лимонов сок и паста за заби. Смесата нанесете ја на ноктите на нозете, па нежно тријте со стара четкичка за заби. На овој начин ќе ги отстраните заноктиците и ќе им ја вратите свежата боја на вашите нокти. Потоа можете да направите пилинг на целите стапала и да ги потопите во топла вода со сол. Употребете турпија за најгрубите делови.
Овој третман може да се повторува на седум дена.