Домашен сируп против кашлица

Овој природен рецепт е многу лесен за правење и исклучително здрав.

Потребни состојќи:

250 мл вода
6 лисја од ловор (свеж)
6 лажици кафеав шеќер (ако немате кафеав, може и бел)
1 лимон

Ставете ја водата во длабок сад да зоврие и потоа додадете ги листовите од ловор. Гответе 10 минути. Тргнете го садот на страна и извадете ги листовите. Во меѓувреме, ставете го шеќерот во стаклен сад или тегла, па врз него излејте ја водата во која се вареа листовите. Мешајте за да се растопи шеќерот. Откако ќе се растопи шеќерот, додајте го сокот од лимон, причекајте да остине и ставете го во фрижидер.

Пијте по 1 лажичка секое утро.

Scroll to Top