Домашна маст против хемороиди

Домашна маст, направена од жолчка од јајце, може да ве спаси од хемороиди, бронхит и уште неколку болести, тврдат поборниците за алтернативна медицина. За да ја подготвите маста ви треба жолчка од едно варено јајце, 400 мл маслиново масло и 600 гр пчелин восок.

Во сад на оган ставете го маслото и во него парче восок, па растопете го на слаб оган. Откако смесата ќе зоврие, додадете ја жолчката. Кога ќе почне да прави пена, тргнете го садот од огнот. Почекајте да се смири, па вратете го садот повторно на огнот и мешајте без престан додека смесата не добие темнокафена боја. Откако ќе се излади, процедете низ газа.

Маста ставете ја во стаклен сад, убаво затворете и чувајте ја во фрижидер. Може да се чува до 10 месеци.

При изгореници, забоболка или рани – нанесете на болното место. Со мевлемот ќе ги заздравите ноктите и ќе ги отстраните хемороидите.

Маста можете да ја користите за воспаление на синусите – растопете малку од кремата и капнете по една капка во носот. Смесата ќе го сопре воспалението на синусите и ќе го апсорбира гнојот.

При бронхит – консумирајте половина лажиче од мевлемот трипати дневно пред јадење.

Scroll to Top