Домашни третмани против дамки под пазувите

Tемните дамки под пазувите или хиперпигментација, се проблем со кој често се соочуваат луѓето со светол тен на кожата. Тие се резултат на честото бричење, таложењето мртви клетки, алергиски реакции, честа употреба на разни дезодоранси и антипреспиранти, инфекции и триење од облеката.

Хиперпигментацијата не предизвикува здравствени проблеми и не е кожно заболување. За да се ослободите од овој непријатен проблем се препорачува при секое туширање да се прави пилинг на пазувите. Но, од темните дамки под пазувите може лесно да се ослободите и со помош на некои природни средства како лимонов сок, оцетна киселина, оризово брашно и свеж компир.

Со лимонов сок против темните дамки

Лимоновиот сок е главната состојка во борбата против темните дамки под пазувите. Сѐ што треба да направите е да исцедите сок од половина лимон, да го нанесете под пазувите и да го оставите да дејствува околу 20 минути. Потоа, пазувите темелно исплакнете ги со чиста вода. По овој третман на кожата нанесете хидратантен крем.

Крем од оцетна киселина и оризово брашно

Оцетната киселина и оризовото брашно се идеални за лицата со мрсна кожа. За овој природен третман треба да промешате 3 лажици оцетна киселина и 5 лажици оризово брашно. Вака подготвената смеса се нанесува на чисти пазуви. Откако ќе се исуши, исплакнете ги пазувите со млака вода.

Третман со свеж компир

Овој третман се препорачува на лицата со понежна кожа оти не предизвикува иритации. Исцедете сок од свеж изрендан компир и со памучен туфер нанесете го под пазувите. Сокот од компир нека делува околу 30 минути, а потоа исплакнете го.

Ако дамките под пазувите ви предизвикуваат болка, задолжително консултирајте се со вашиот матичен доктор.

Scroll to Top