Две шолји кафе дневно го намалуваат ризикот од Алцхајмер

By

Луѓето што пијат по две шолји кафе секој ден имаат помала можност да развијат когнитивно оштетување на мозокот, кое често е претходник на Алцхајмеровата болест, тврдат научниците. Истражувањето објавено во списанието Frontiers of Aging Neuroscience е спроведено во тек на 10 години на Универзитетот „Едит Кoуaн“ во Перт, Австралија.

Истражувањето покажало дека кај љубителите на кафе промените во областите на мозокот одговорни за извршните функции, како планирање, самоконтрола и внимание, се помалку засегнати со текот на времето.

„Кафето може да биде особено корисно за постарите луѓе што се изложени на опасност од когнитивно оштетување, но немаат никакви симптоми. Можеби ќе може да развиеме препораки за луѓето што треба да ги следат во средната возраст и се надеваме дека тоа ќе има траен ефект“, вели авторката д-р Саманта Гарднер од Центарот за истражување и третман на Алцхајмеровата болест на Медицинскиот факултет при Универзитетот.

Претходни испитувања покажаа дека необработениот кофеин е делотворен во спречувањето оштетување на помнењето кај глувците. Преработените пијалаци од кафе обично не содржат суров кофеин, но има и други супстанции, како што се кафестол, кафеол и ејкозаноил-5-хидрокситриптамид, кои исто така имаат благотворно дејство.

Истражувачите не испитале дали ефектот на кафето врз мозокот се менува во зависност од начинот на подготовка и од додатоците како млеко или шеќер.

Ќе ви се допадне

Watch anime online for free at AniWatch aniwatch.me

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animeflv.uk: Watch Koro-sensei Q! animeflv Episode Full anime

Website https://animetv.cc: Watch Crayon Shin-chan: Unkokusai no Yabou animetv Episode Full famous anime tv shows

Watch anime online for free at AnimeHeaven hunter x hunter anime heaven