Ефикасна диета со јаболка

Диетата со три јаболка на ден ја осмисли американската нутриционистка Теми Флин. Таа забележала дека нејзините клиенти кои јадат едно јаболко пред оброкот губат килограми без да ги сменат навиките во исхраната. Резултатите покажале дека само со јадење едно јаболко пред секој оброк луѓето губеле во просек по еден килограм неделно.

Оваа диета вклучува по едно јаболко пред секој главен оброк. Идејата е дека влакната со кои е богато јаболкото може лесно да го заситат човекот и затоа ќе му треба помалку храна за оброкот. Препорачаниот број оброци е од четири до пет помали оброци на ден, засновани на здрава храна со малку маснотии.

Препорачана храна

Јаболка, сирење со малку маснотии, јогурт со малку маснотии, јајца, пилешки гради, мисирка, риба, посно говедско месо, овес, кафеав ориз, брокула, зелена салата и слично.

Пример за мени:

Појадок
1 јаболко
омлет со малку маснотии и сирење
1 чаша варен овес

Ужинка
парче сирење со малку маснотии
чаша јогурт со малку маснотии

Ручек
1 јаболко
пилешки гради на скара
2 чаши брокула на пареа
1 чаша кафеав ориз

Ужинка
шејк од капучино

Вечера
1 јаболко
лосос на скара
зелена салата

Препораки за вежбање

Се препорачува да се комбинира лесен тренинг со тегови и кардио-тренинг 3-4 пати неделно, минимум 30 минути.

Scroll to Top