Факти за сланината: богата е со протеини и е одличен лек против мамурлак

Дали спаѓате во категоријата луѓе што секогаш внимаваат што јадат и избегнуваат сланина или некое друго мрсно месо? Отсега не мора толку да се грижите, студиите покажаа дека морските плодови содржат повеќе холестерол отколку сланината, која може да биде одличен сојузник за време на диетата.

Сланината содржи само 2 % лоши незаситени масти, а мононезаситените масни киселини се трипати повеќе од оние што се наоѓаат во морската храна. Подолу ви нудиме неколку теории зошто би било добро често да јадете сланина.

  • Воопшто нема јаглехидрати. Погрешно е мислењето дека јаглехидратите му даваат енергија на телото. Вистината е дека за тоа се одговорни мастите.
  • Богата е со протеини – клучна состојка во одржувањето голема количина енергија, а исто така е важна за косата, ноктите и за кожата.
  • Одлична е во борбата против мамурлакот.
  • Обезбедува чувство на ситост. Сланината содржи високо ниво заситени масти, така што ќе бидете подолго сити отколку ако сте јаделе јаглехидрати.
  • Богата е со витамин Б, кој е одговорен за зајакнување на имунитетот. Содржи 65 % од дневното внесување тиамин, 47 % ниацин (витамин Б3) и 38 % витамин Б12 и цинк. Затоа, заборавете на разните мултивитамини и посегнете по сланината.
  • И пралуѓето јаделе сланина. Во последно време сè повеќе луѓе практикуваат палео-диета, која вклучува внесување овошје, зеленчук и месо. Нашите предци сето тоа го внесувале, а најмногу сланина.
  • Многу е лесно да се подготви. Ако сакате пржена храна, можете да направите дури и чипс од сланина во микробранова печка.
Scroll to Top