Француски инфектолог: Короната веќе не убива, никој нема да сака да се вакцинира

Францускиот инфектолог Дидие Раул тврди дека луѓето нема да сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 ако болеста остане како што е сега. „Не гледам кој ќе сака да се вакцинира против нешто што не убива“, изјави тој и предизвика полемика во јавноста.

Раул, кој е професор од Марсеј,  вели дека не знае дали вакцината воопшто ќе биде корисна. Тој додава дека вирусот сега е многу побезопасен отколку во февруари или март. Истовремено вели дека луѓето не треба да го гледаат како некој што е против вакцините, пренесува „Новости“.

Францускиот инфектолог го објаснува зголемениот број на позитивни случаи во последно време со фактот дека сега се тестираат повеќе луѓе.

„Оваа болест не е посмртоносна од другите респираторни вирусни заболувања, стапката на смртност е под два процентa“, вели Раул, кој е директор на Медитеранската клиника за инфективни болести во Марсеј.

Проблемот, според него, се појавува бидејќи овој вирус е непознат. Во Франција сè повеќе се пропишува да се носат маски, дури и на отворено. Раул верува дека би било подобро ако се препорача да се носат, а не да бидат наметнати како обврска, бидејќи смета дека тоа може да создаде конфликти во општеството.

„Ако маските можат да влеат доверба, тоа е една работа, но јас сум загрижен затоа што премногу сме фиксирани во таа насока“, истакна Раул, додавајќи дека најважно е миењето на рацете.

Многу негови француски колеги го критикуваат за тоа што го рече, потенцирајќи дека грипот и Ковид-19 не можат да бидат исти, затоа што не постои утврдена вакцина против коронавирусот за широките маси и дека не е педагошки да се критикуваат маски во време кога на тој начин се спречува појава на втор бран.

Scroll to Top