Германски билкар со рецепт за мевлем тврди дека успешно излекувал илјадници луѓе

Сега е вистинско време сами да го направите овој чудотворен мевлем. Смолата се собира кога ќе дојдат потоплите денови, а главно се наоѓа на оние места каде што стеблото било исечено или пак на кората која што е оштетена.
Овој мевлем веќе со децении се користи во лечењето – со причина. Во денешно време, кога сме изложени на стрес, загадена храна и природа, потребно ни е нешто моќно што ќе нè заштити од сите тие опасности.
Смолата ја има таа моќ, да нè чува и да ги ублажи последиците од многубројни болести. Одлична е во борбата со разни инфекции, реума, а помага и за побрзо заздравување на рани.

Најефикасна е кога е во форма на мевлем кој што може да се користи за целото тело.
Рецептот од германски билкар кој што веќе со децении го користи за лечење на многубројни инфекции може да ви помогне.
Зад него стојат илјадници излечени луѓе, тврди билкарот.
Маста од смола е добра и за реума, херпес и други здравствени тегоби.
Успешно го лечи верикозниот чир, посттромбозни синдром, артеритис (воспаление на артерии), рани кои што потешко заздравуваат, сите болести на желудникот

За мевлемот ви е потребно:
100 грама пчелин восок
25 грама смола
50 грама било какво масло
25 грама маргарин или пак маслиново масло.
Подготовка: истопете ги заедно, восокот, маргаринот и смолата и на крајот додадете го маслото.
Исцедете ја смесата и чувајте ја на ладно место во стаклен сад. Нанесувајте од овој мевлем на болното место, 2-3 пати на ден.

Scroll to Top